Резултати за пребарувањето: а
жален | прид.
Што изразува жал. Жален поглед. Жален глас. Жален израз на лицето.
дамла | ж.
Срцев или мозочен удар, апоплексија. Го удри дамлата и падна мртов. Се здебели и ја стрефи дамла.
каков | зам.
Заменска придавка со која се искажува прашање за особина, својство, карактеристика на некого или нешто. Каква марка радио имате? Какво е времето, убаво или не? Какви се овие гласови? Ми се земаше здивот при помислата, каков ќе бидеш ти тогаш. Не се знаеја меѓу себе какви се.
удира | несв.
мувла | ж.
Паразит, вид габички кои виреат на влажни и непроветрени места. Мириса на мувла. Се нафатила мувла. Зелена мувла го покрила старото дрво.
ужали | св.
Направи некој да биде жален, да жали. Ја ужали мајката со таа вест.
украс | м.
Предмет што служи за разубавување на нешто. Новогодишни украси. Украс на фасада. Тие изработувале украси.
улица | ж.
Пат во населено место меѓу куќи, згради и сл. Главна улица. Споредна улица. Тесна улица. Широка улица. Излезе на улица.
угаси | св.
угари | несв.
Ора нива за угар. Ја угари горната нива.