Резултати за пребарувањето: а

џумка | ж.

Оток добиен од силен удар или од некое заболување, најчесто во пределот на главата. Од тепачката имаше голема џумка на главата. По ударот на челото му израсна џумка.

зрачи | несв.

Пушта зраци, пушта светлина или енергија од себе. Месечината зрачеше во ноќта. Светилката зрачеше дополнителна топлина во собата.

курна | ж.

Камено корито под чешма во бања.

чуја! | изв.

Извик со кој се огласеува некој што чул дека го викаат.

читач | м.

Тој што чита определен текст во некоја пригода, обично на глас. Читач на вести. На плажата имаше многу читачи на стрипчиња.

Лоара | ж.

Река во Франција.

завре | св.

Скрие, пикне, вовлече нешто некаде, вовре. Ја завре главата под перница и почна да плаче.