Резултати за пребарувањето: а
втаса | св.
Стигне некого при одење, движење. Момче–то не можеше да го втаса. Седни де, ќе втасаш.
зарие | св.
Почне да рие. Свињата зари во бавчата, ама ја истеравме.
чуја! | изв.
Извик со кој се огласеува некој што чул дека го викаат.
џихад | м.
Верска војна на муслиманите за одбрана и ширење на исламот.
шивач | м.
Тој што шие, занаетчија што се занимава со шиење облека. Познат шивач на машки костуми. Модерни светски шивачи.
чешма | ж.
Обѕидан извор или место каде што дотекува изворска вода која истекува од една или неколку вградени шопурки. Селото имаше две чешми. Маалска чешма. Чешма со две шепурки.
запчи | несв.
Прави запци. Тој го запчеше стапот.
чизма | ж.
Вид обувка, обично кожена, висока до коленото или над него. Кожени чизми. Војнички чизми. Рибарски чизми.
запче | ср.
ортак | м.
Другар во некакава работа, деловен соработник. Тие некогаш биле ортаци, воделе дуќан заедно.