Резултати за пребарувањето: а

арам | и.

(само едн.) м. Проклетство.

абер | м.

Глас, вест, новост, порака. Го чекам абер да донесе. Им стори абер. Добив абер од војникот. Прати им абер да дојдат.

знае | несв.

Известен е за нешто, познава, познато му е нешто. Знаев дека ќе дојдат. Само тој го знае патот. Не знам кога поаѓа возот.

ахат | м.

Вид полускапоцен камен, минерал составен од повеќе видови кварц, лесно впива боја, се користи при изработка на накит.

алат | м.

Орудие или прибор за еден занает или за рачна работа. Си го продаде и алатот од ковачницата. Ја зеде торбичката со алатите.

жега | несв.

За болка – прободува, силно пече. Ме жега во слабините.

жега | ж.

Голема жештина предизвикана од сонцето; горештина, припек, вруќина. Го фати пладневната жега.

Алах | м.

Бог кај муслиманите. Го спомнува името на мојот Алах. Алах те благословил.

аха! | чест.