Резултати за пребарувањето: а

праши 1 | несв.

Крева прав, потура некого или нешто со прав. Таа го прашеше тремот кога ги тресеше покривките.

алтан | м.

Златна пара, златник, дукат. Невестинска низа алтани. Алтаните тешко се печалат.

жетва | ж.

Жниење и собирање на житото. Ќе одиме на жетва.

дупка | несв.

Дупи по малку, во помала мера; Ако си ги дупкам прстите, да има за кого. Го дупкаше магарето под опашката за да побрза.

блато | ср.

Кална месност, мочурлив предел. Смрдливо блато. Над блатото имаше голема магла. По блатата се појавија роеви од муви и од инсекти.

дигач | м.

(спорт.) Тој што дига тегови. Дигач на тегови.

појас | м.

Широк ремен, колан или долга, тесна ткаенина што се обвиткува, заврзува околу половината. Тој носеше на половината широк црн појас. Црвениот појас ѝ ја стегаше половината.

ќебап | м.

Јадење од дробенки месо, варено или печено на ражен.

бланш | м.

Козметичко средство за белење коса.

прнар | м.

Вид даб што расте како шумјак, наменет за кастрење за добиточна храна; Quercus coccifera.