Резултати за пребарувањето: а
прега | несв.
куцка | несв.
Куца по малку. Куцкаше, а патерица нејќеше да носи.
заврз | м.
Млад плод на растение, незрел и тукушто оформен. Скина еден заврз од афион. Младите заврзи страдаат при ниски температури.
динка | ж.
Воденица во која се лупи ориз.
прета | несв.
Расчепкува пепел и сл. Загледан во гламните преташе низ пепелта.
полза | ж.
Поволна последица, поволен резултат или материјална корист; Работи во своја полза. Од оваа работа имаше голема полза.
искап | прил.
До последна капка, докрај. Ја испи чашата до искап. Силите ми беа на искап.
блада | несв.
Изговара нејасни зборови, зборува неразбирливо (обично во состојба на сон или бунило). Детето се плаши во сонот и постојано блада. Братчето беше во бунило, бладаше некои весели зборчиња. Бладаш, ништо не те разбирам.
полка | ж.
Вид брз танц и музика за таков танц. Цела вечер играа полки и мазурки. Таа научи да игра полка.
блазе | изв.
Набожност.