Резултати за пребарувањето: а
манго 2 | ср.
Тропско овошно дрво со бујно разгрането стебло, со крупни плодови во светложолта боја; Mangifera indica.
долае | св.
Престане да лае. Кучето долаја и се врати кај стопанот.
лабав | прид.
Што не е добро прицврстен, што не е затегнат. Лабаво јаже. Лабава жица.
долап | м.
Вѕидан орман, шкаф за сместување облека, садови и др. предмети; плакар. Одеше кон долапот во кој беа шишињата со ракија. Долапот беше полн со негови алишта.
ќушка | ж.
Задебелениот крај од овчарски стап. Носеа стапови со ќушки.
губар | м.
Вид пеперуга, во фаза на гасеница е многу штетна за шумите; Lymanthria dispar L.
садно | ср.
Рана кај животни предизвикана од самарот односно седлото. Коњот беше сиот садно до садно. Магарето имаше загноено садно на вратот.
Атена | ж.
Антички град држава на Атичкиот Полуостров.
јадеж | м.
Чувство на чешање; Правот причинува јадеж и воспаление на кожата. Јадеж му ја полази сета снага.
Ариец | м.
Термин за припадник на индоевропските народи.