Резултати за пребарувањето: а
прање | ср.
Глаголска именка од пере.
гасен | прид.
Што се однесува на гас, што е со гас, што е наменет за заштита од гас. Гасна комора. Гас-маска.
жакет | м.
Кусо машко или женско палто. Тој ја вовлече раката во внатрешниот џеб од својот жакет.
праши 2 | несв.
Копа земја со прашалка, ситнејќи ја и отстранувајќи непотребни штетни растенија. Старецот го прашеше лозјето. Таа ја прашеше градината со мотиче.
првак | м.
Прво родено дете во семејството. Не можеше да ја поднесе болката за изгубениот првак.
трати | св.
Тресне, удри силно од или во нешто. Тој го трати со јуначка сила.
седат
Зборот е поврзан со:
белка | ж.
Проѕирна течна материја околу жолчката во јајцето. Таа измати белки со шеќер.
лајач | м.
Тој што вика, се кара. Лајачот не престана да вика уште цел час.
дупка | несв.
Дупи по малку, во помала мера; Ако си ги дупкам прстите, да има за кого. Го дупкаше магарето под опашката за да побрза.