Резултати за пребарувањето: а
дршка | ж.
Дел од предмет што се држи со раката; рачка. Дршката на ножот. Дршки за мотики.
голта | несв.
Прима храна или течност преку устата во хранопроводникот. Беше тешко да се голта водата кога знаеш дека ја пиеш за да остане што помалку место за лебот. Долго ги џвакаше и полека ги голташе парчињата месо.
берат | м.
Царско писмо, указ, повелба од султан со што се одредува некаква повластеност. Кадијата им нареди на сејмените да ги одврзат селаните за да собираат пари, зашто старите берати не важеа веќе. Македонскиот народ пролеа крв за да добие владички берат.
рапир | м.
(истор.) Меч со двострано сечило и со шилест врв. Тој си го позна рапирот по дршката.
берба | ж.
Берење, собирање плодови, тутун, дрва и сл. Оваа година имаше берба на шипинки во селото. Време е за берба на јаболката. Годинава дождовите ја попречија бербата на доматите.
листа | ж.
а) Список со имиња на лица или на предмети. Листа на елитни имиња од светската џез сцена. Листа на лекови. б) Список на јадења и пијалаци. На ѕидот висеа листите на јадења за таа недела. Листа на бели вина.
лиска 2 | ж.
(бот.) а) Плоснатиот, проширениот дел на листот; lamina. б) Еден лист од цвет или билка. Ветрот донесе цветни лиски, црвени и миризливи.
фалби
Зборот е поврзан со:
јавне | св.
Се качи, седне на грбот на животно. Го јавна магарето. Доаѓаше јавнат на коњ.
цигаи
Зборот е поврзан со: