Резултати за пребарувањето: а
Асуан | м.
Град во Египет.
скама | ж.
Пена од сапун, сапуница.
зајре | ср.
(разг.) Храна, животни продукти. Отиде до дуќанот да купи зајре.
татар | м.
(арх.) Во Османлиското Царство – гласник, курир кој на брз коњ пренесувал писма, пораки. Татарот ги донесе подробните вести за сè што се случило.
страч | м.
Мажјак од страчка.
алмаз | м.
навев | м.
Тоа што го донесува ветрот (снег, дожд и др.). Снежни навеви. Навеви од дожд ја поплавија терасата.
скаут | м.
Припадник на скаутска, извидничка организација, извидник.
караш | м.
Вид слатководна риба слична на крап; Carassius carassius.
алчак | м.
Крадец, мангуп, неранимајко. Види го каков алчак е, а каков убав глас има.