Резултати за пребарувањето: а

длаби | несв.

Прави длабнатина во нешто. Тој полека длабеше со длетото.

табак 2 | м.

Тој што штави кожи, кожар. Табаците сите кожи ги прибираа в каци.

клапа 3 | ж.

Посебна плоча со горен ударен дел со која се снимаат ознаките за бележење на одделни кадри во филмот. Првата клапа е завршена, станувате „филмски ѕвезди".

клање | ср.

Глаголска именка од коле; колеж.

клапа | несв.

Не легнува, не пасува добро на нешто. Чевлите му клапаат.

клика | ж.

Група луѓе, поврзани со исти политички, економски и други интереси заради остварување на користољубиви цели. Дворска клика. Владејачка клика.

пувка | ж.

Предено исечено на парчиња и собрано во топче, служи како украс на облека и обувки; туфка. Опинци со пувки на врвовите. Детето носеше капа со шарена пувка.

клепа 2 | несв.

Трепка со очите. Старецот го гледаше момчето, кое клепаше збунето со очите.

благо 2 | ср.

Пари, злато, разни скапоцености. Три товари благо. Скриено благо. Закопани блага. Неброени блага.