Резултати за пребарувањето: а
Малме | ср.
Приморски град во Шведска.
набои | св.
Нанесе боја на нешто. Го набои цртежот со црвена боја.
сафир | м.
Вид скапоцен камен со сина боја што се прелева; алуминиумов оксид.
порта | ж.
Голема дворна (куќна) врата откај улицата. Тропна портата во дворот и тој излезе во тремот. Излегуваше често на порта и правеше муабет со жените.
јахта | ж.
Помал луксузен брод, со едра или моторен, што служи за крстосување, за спортување и сл. Беа поканети на забава на јахтата.
севда | ж.
Љубов кон лице од спротивниот пол, љубовен копнеж. Прва севда. Голема севда имал по вдовицата.
окади | св.
При религиозен обред – исчади со темјан. Се помоли пред иконата, ја окади собата и седна.
сафра | ж.
Мака, тегоба; несвестица. Го фати сафра. Му се кренаа сафрите.
малку | прил.
Незначително количество од нешто; многу. Касна малку, другото го остави. Малку е упатен во работата.
втаса | св.
Стигне некого при одење, движење. Момче–то не можеше да го втаса. Седни де, ќе втасаш.