Резултати за пребарувањето: а

Ман | м.

Британски остров во Ирското Море.

ода | ж.

Свечена лирска песна во која се воспева некоја значајна личност, историски настан, идеја и сл. Ода на радоста.

пае | несв.

Суши, проветрува рибарска мрежа.

пат 1 | м.

а) Дел од земјиште во форма на долга лента, изграден за одење или за патување од едно место во друго, или разгазен со постојано минување. Колски пат. Шумски пат. Правлив пат. Каллив пат. Селски патишта. Стрмни патишта. б) Таков дел изграден на посебен начин за патување со возила. Макадамски пат. Асфалтиран пат. Пат со една коловозна лента. Локален пат. Меѓународен пат.

ка! | изв.

Извик со кој се тераат, се гонат говеда.

лаг | м.

Мала шумичка. Срната избега во лагот.

зар 4 | м.

Тенко платно, превез со кој муслиманските жени го покриваат лицето. На вратата се појави жена во зар.

зар 3 | м.

Коскена или дрвена коцка, на чии страни се обележани со точки броевите од еден до шест, што се користи за различни игри. Зар за табла.

ита | несв.

Итавме кон југ, два дена без да запреме.

јад | м.

Грижа, мака, душевна тежина. Душа јагленосана од јад. Ја притиснале маки и јадови.