Резултати за пребарувањето: а
рамка | ж.
Посебно изработена летвичка, метална или пластична лајсна со која се опкружува по рабовите и се заштитува нешто (слика, огледало, стаклена површина, очила итн.). Сребрена рамка. Дрвена рамка. Огледало во рамка. Фотографии во убави рамки. Сребрени рамки за очила. Очила со црни рамки.
рамно 1 | ср.
Тие излегоа на рамно. На рамното кога одам ми е полесно.
тучат
Зборот е поврзан со:
зафат | м.
Дејствување, акција, постапка; потег во некоја дејност. Политички зафати. Реформски зафати во образованието.
ранец 2 | м.
Еден вид специјална торба, чанта со ремени отстрана што се носи нарамена на грб; Планинарски ранец. Војнички ранец. Училишни ранци.
метач | м.
Тој што мете; чистач.
угари
Зборот е поврзан со:
бакам | м.
Растение со кое се вапсуваат велигденски јајца, варзило; Caesalpinia bahanmensis. Бакам за боење јајца.
ранец 1 | м.
Вид лоза. Ранецот успева во Кавадаречко.
бакар | м.
Само еднина. Хемиски елемент, метал со темноцрвена боја; симбол Cu. Мек бакар. Позеленет бакар. Не е од чисто злато, туку од бакар или од тенекија.