Резултати за пребарувањето: а

рашка 2 | ж.

Парче, дел, резанка од нешто. Му даде една рашка од печеното месо.

збуца | св.

Одеднаш ненадејно буцне, забоде нешто. Не внимаваше и ја збуца иглата во прстот.

фалби

Зборот е поврзан со:

фарби

Зборот е поврзан со:

китка | ж.

Неколку стракови цвеќе заедно; букет. Секој ден се враќаше од полето со китки мирисни синолички.

редба | ж.

Жална песна, тажаленка со која се оплакуваат мртвите, Таа тажна редба реди.

музга | ж.

Бара, мочуриште.

фатки

Зборот е поврзан со:

рерна | ж.

Дел од шпорет во кој се пече, се приготвува печена храна (леб, месо и сл.). Загреана рерна. Рерна со воздушен систем.

класи | несв.

Развива, создава клас. Житото почна да класи.