Резултати за пребарувањето: а
вејач | м.
Лице што вее жито.
зацеп | м.
Расцеп во дрво, карпа и сл.; Тој откако го исече стеблото, направи неколку зацепи. Од зацепите на карпите болснуваше понекое видело.
слама | ж.
Исушени стебленца од разни видови жито што останува по вршењето. Оризова слама. 'Ржена слама. Ги наполни перниците со слама. Врз сламата послаа черга и си легнаа.
наала | св.
Напипа, допре потамина, наџбара. Ја подаде раката да наала каде е вратата. Со прстите ја наалка книгата.
везба | ж.
бајче | ср.
Детски назив за јагне. Бело бајче. Рипкаат бајчиња.
слана | ж.
Смрзната роса, бела како снег. Падна првата слана оваа есен. Сланата ги попари посевите.
клима | ж.
Метеоролошки услови и појави (температура и влажност на воздухот, воздушен притисок, ветрови и др.) со кои се карактеризира една област, една земја во подолг временски период, поднебје. Континентална клима. Умерена клима. Медитеранска клима. Планинска клима.
авто- | претс.
Како прв дел во сложенки од туѓо потекло со значење:
закоп | м.
Одбор за закоп. Се врати од закоп.