Резултати за пребарувањето: а

агица | ж.

Жена на ага.

врика | несв.

Извира во големо количество. Врика вода.

знаме | ср.

Широко парче платно со определена боја или комбинација на бои и со определен знак (обично прицврстено на стап или на копје) што претставува симбол на држава, народ, организација, спортски клуб и сл. Државно знаме. Партиско знаме. Знаме на Црвениот крст.

пасне | св.

Изеде малку трева, сено и сл.; попасе. Кравите паснаа малку.

вошла | и. ж.

Зборот е поврзан со:

базер | м.

Вид бел крин, што расте до еден метар, со бели цветови без мирис; Asphodelus albus.

брега

Зборот е поврзан со:

врска | несв.

Удира со прачка, со камшик, шврка; Го врска по грбот.

врска 1 | ж.

Повеќе предмети, обично еднородни, врзани заедно. Врска клучеви. Врска млад лук.