Резултати за пребарувањето: а

дува | несв.

Дејствува како воздушна струја и предизвикува слабо или силно движење на воздухот. Надвор дуваше ветер. Дуваше југ и ги топеше снеговите. Мислев дека ти дува низ оџакот.

алга | ж.

Водна билка без корен, жили и без цвет со растителна боја (хлорофил). Мириса на сол и алги, на риби и птици.

буба | несв.

Учи механички, напамет. По малку делува изгубено, како студент што многу буба.

арго | ср.

Таен јазик на еден социјален слој или на група луѓе неразбирлив за другите.

атар | м.

Подрачје што припаѓа на некое село или општина. Селски атар.

кара 1 | несв.

Прекорува, укорува некого. Таткото го караше синот поради доцнењето.

кара | ж.

Кола со железни сандаци за превоз на муниција, обично артилериска.

бива | несв.

арен | прид.

Добар. Арен човек. Арна работа.

амин | изв.

Означување крај на молитва, со значење: вистина е, така е. На секое амин луѓето се крстеа. Сега и во сите времиња, амин.