Резултати за пребарувањето: а

шлајка | ж.

Мала дупка, дупче издлабено во средината на нацртан круг при игра со џамлии. Дворот беше издупчен со шлајки. Тој се обидуваше да ја погоди шлајката.

бочвар | м.

Тој што изработува бочви. Тој две години учеше за бочвар кај еден мајстор.

ламбен | прид.

Што се однесува на ламба. Ламбено стакло. Трепетлива ламбена светлина.

боцкач | м.

Тој што многу боцка, бреца; Тој е голем боцкач.

ширина | ж.

а) Напречен размер на површина или на зафатнина на нешто; хоризонтална димензија, хоризонтално растојание меѓу две определени точки; должина. Ширината на игралиштето е соодветна на определените мерки. Ширината на ушите се мери со специјална направа. б) Големина на тој размер изразена во мерни единици. Градината има 35 метри ширина. Патот е широк шест метри.

шлагер | м.

Песна со ритам на модерен танц, певлива, лесна, прифатлива, актуелна, обично со љубовна тематика. Нови шлагери.

опашка | ж.

а) Израсток на задниот дел од телото на животните, како продолжение на 'рбетот. Голем шарен пес ги пресретна во дворот и почна да ја врти опашката. Коњот рамномерно ја мавташе опашката и пасеше. б) Долги перје на задниот дел од телото кај птиците. Кукавицата ја вртеше својата долга опашка. Птицата немирно мавташе со опашката. в) Крајниот, заден дел од телото кај риби, змии и други влекачи, инсекти и сл. На тревата имаше доста риби и некои удираа со опашките по тревата. На камењата веќе стојат гуштерици со скинати опашки. г) (разг.) Последните пршлени на 'рбетниот столб кај човекот.

шипјак | м.

Место што е обраснато со шипје. Густ шипјак.

боцкав | прид.

Што боцка, што има боцки, што има својство да боцка. Боцкав тел. Боцкава брада.