Резултати за пребарувањето: а

поруча | св.

појаде_1 Се изми, поруча и излезе надвор.

посади | св.

Стави, закопа семе, лоза, садница и сл. в земја за да израсне растение; насади. Во дворот посади невен, жолто џунџуле и други цвеќиња.

јарица | ж.

Млада кокошка која сè уште не почнала да несе јајца;

гравер | м.

Занаетчија што гравира.

поруга | св.

Исмее, навреди некого или нешто. Тој се налути и го поруга.

посака | св.

Замоли некого, побара некому нешто. Тие му посакаа петстотини лири. Парохот ги посака од внуката клучевите од собата.

грабне | св.

Одземе, земе нешто насилно, брзо. Скокна и ја грабна слушалката.

леснак | м.

Тој што е лекоумен.

блатен | прид.

Мочурлив. Блатно земјиште. Блатна површина. Блатни почви.

портал | м.

Раскошно украсен главен влез во црква, палата или голема зграда; главна врата. Стигнав пред црквата, чиј огромен централен портал беше на самата улица.