Резултати за пребарувањето: а

злато- | претс.

Како прв дел од сложен збор значи дека тоа што е именувано со вториот дел од сложениот збор е од злато или како од злато, златесто (обично во поетскиот јазик): златоглав, златокрил.

гнасло | м.

Човек што се гнаси од јадење и сл. Што и да му дадеш, каков гнасло е, пак нема да јаде.

јуриша | несв.

Оди во јуриш, напаѓа. Неколку пати јуришаа кон барикадите, но без успех.

потрае 2 | св.

Трае, се одржи некое време. Радоста кратко потраја. Таа измама потраја малку време.

потура | несв.

Истура, посипува вода некому да се измие. Му потура вода на свекорот.

правец | м.

Замислена линија на движење насочена кон определена цел; насока. Спротивен правец. Непознат правец. Погрешен правец. Трчаше во правец на селото. Заминаа во различни правци.

потаму | прил.

Со просторно значење – во определен правец, понапред, подалеку. Зад реката се касарните, а уште потаму голите и сиви ридови. Не сакаат да погледнат потаму од носот.

гнасен | прид.

Што е нечист, валкан. Гнасна облека.

зарупа | св.

Почне да рупа. Магарето ги зарупа корите од лубеницата. Детето ги зарупа бонбоните.