Резултати за пребарувањето: а

прашти | св.

(обично со заменската форма ‒ ја) Избега. Уште во темни зори ја прашти.

Канада | ж.

Држава во Северна Америка.

прачка | ж.

Тенка гранка исчистена од ситните гранчиња и од лисјето. Во раката држеше прачка. Плотот беше направен од лескови прачки.

газдин | прид.

Што му припаѓа на газда. Газдина куќа.

маглив | прид.

Обвиен, исполнет со магла. Маглив ден.

Бенгал | м.

Област во Индија.

канава | ж.

Памучна или ленена ткаенина во вид на мрежа, но со помали отвори што се користи како основа на везот.

магија | ж.

Збир од дејства, обреди за кои се верува дека имаат натприродна моќ врз луѓето, животните и врз природните појави; волшепство.