Резултати за пребарувањето: а
Баку | ср.
Главен град на Азербејџан.
вада | ж.
Мал јаз, бразда што служи за доведување вода за наводнување. Потекоа бранчиња на првата вада на пченките озгора.
вади 2 | несв.
Наводнува, полева со вода. Селаните ги вадеа своите ниви.
агол | м.
(мат.) Дел од рамнина ограничен со две полуправи што поаѓаат од иста точка. Прав агол. Остар агол. Тап агол. Неправилни агли.
ваза 1 | ж.
Декоративно изработен сад што служи за ставање цвеќе или како украс. Во собата, на масичката, секогаш имаше ваза со свежо цвеќе
Анди | и.
Планински масив во Јужна Америка.
акна | ж.
Мозол, мозолка; кожна болест во вид на брончиња и гнојници. Лицето и беше цело со акни.
акне | св.
Удри силно. Фидан го акна кучето со еден стап.
атка | ж.
Вид игра со ореви.
ајс! | изв.
Извик за терање на воловите при орање.