Резултати за пребарувањето: а

пан- | претс.

Претставка за образување именки и придавки со значење на целосност, сеопфатност на нешто што е именувано во основата, на пр.: панславизам, пантеизам и др.

апаш | м.

Крадец, разбојник, џепчија. Ми влегле апаши во куќата.

вива | несв.

Пламти, гори силно со пламен;

бања | ж.

Минерални извори со уреди за капење, лекувалиште. Ја запозна во бањата, каде што се лечеше од ревма.

иха! | изв.

За изразување голема мера. Иха, колку ми поминало мене преку глава!

баба 2 | м.

вок. бабо. Татко.

пари 2 | несв.

Лути, пече, жури.

јаде | несв.

Внесува храна во организмот, се храни. Тие јадеа и молчеа. Тука добро се јадело и се пиело. Волкот ги јаде јагнињата.

јога | ж.

Религиозно-филозофско учење во индиската традиција според кое преку самосовладување и медитирање може да се дојде до соединување на човекот со природата.

гуга | несв.

За бебе – испушта глас „гу-гу“. Во третиот месец бебето почна да гуга.