Резултати за пребарувањето: а
барз | прид.
Назив за коза или за овца со бели пруги по главата или по телото.
бари | несв.
Вари малку, до извесен степен. Баба ми бари пиперки секоја година.
авка | несв.
За куче – испушта специфичен звук, лае со смален интензитет. Во дворот авкаа кученцата.
сека 1 | несв.
безл. За молскавица: молска, светка, испушта силна светлина. Секаше од сите страни, се подготвуваше да врне.
ашка | несв.
Турка. Децата се ашкаа пред вратата. Девојчето го ашкаше братчето на клупата.
адет | м.
Обичај што станал некој вид закон за извесна средина; што се прави по обичај, традиција, од навика. Така е адет: невенчана невеста да не се појавува на трпеза пред гостите. Свадбарски адети. Колку за адет.
апси | несв.
Става некого во затвор; лишува од слобода. Тие ќе го апсат како што ги апселе сите што ја сакаат земјата и својот народ. Него го апсеа кога треба и кога не треба.
сила | ж.
(физ.) Способност да се произведе работа, тоа што предизвикува промена на состојбата на една материја, тоа што ги движи телата од состојба на мирување во движење. Центрифугална сила. Сила на земјината тежа. Силата на отпорот. Магнетни сили. Сила на ветрот.
беља | ж.
Зло, несреќа; штета. Ќе стане некоја беља ноќеска или утре. Каде и да оди само бели прави. Голема беља се стори, изгореа повеќе куќи.
јазе | зам.