Резултати за пребарувањето: везе

везе | несв.

Украсува со вез. Оваа наша девојка не сака ни да шие, ни да везе, ниту да плете.

везен | прид.

Украсен со вез. Везено шамиче. Везени чорапи.

увезе | св.

Внесе стока од странство во земјата. Нашето претпријатие увезе свинско месо поради недостиг на пазарот.

одвезе 1 | св.

Пренесе, однесе некого или нешто со возење. Тој ги одвезе децата на село со својот автомобил. Селаните го одвезоа добитокот со камиони на пазар во градот. Сеното го качија на приколката и го одвезоа до колибата.

довезе 2 | св.

Донесе, доведе некого или нешто со помош на превозно средство. По вечерата тој ја довезе дома со својот автомобил. Стоката ја довезовме со голем камион.

довезе 1 | св.

Заврши со везењето. Девојката го довезе перничето.

завезе | св.

Почне да везе;

извезе 1 | св.

Со везење изработи нешто; заврши со везење. Девојката извезе невестинска кошула.

извезе 2 | св.

Изнесе, продаде во друга држава сопствен производ, капитал и сл. Нашата земја извезе вино во странство.

навезе | св.

Заврши со везење, направи вез; Навезала убав чаршаф. Ќе ги навезам ракавите на кошулата.