Резултати за пребарувањето: вила

вила 2 | ж.

Убава, раскошна куќа, обично надвор од градот, резиденција или наменета за одмор. Во вилата „Атина“ живееше чичко ми.

вила 3 | ж.

Женско митско суштество со неверојатна убавина, со натприродна моќ; самовила. Дедо ни раскажуваше приказни за вили и секакви други чуда.

вила 1 | ж.

Орудие со два или повеќе краци, парошци за работа со сено, слама, гној и сл. Со железна вила го вадеше гнојот од шталата. Селаните најчесто имаа обични дрвени вили со кои го превртуваа сеното да се суши.

свила | ж.

Конец, влакно произведено од кожурецот свилена буба. Точи свила.

вилар | м.

Тој што прави вили.

свилар | м.

Тој што произведува или што продава свила.

вилари

Зборот е поврзан со:

вилает | м.

(истор.) Област во Турското Царство со која управувал валија. Битолски вилает.

цвилат

Зборот е поврзан со:

црвила

Зборот е поврзан со: