Резултати за пребарувањето: вол
поволен | прид.
Што е по желба, по волја, што одговара, што е погоден, благопријатен. Поволни услови. Поволен резултат. Поволен впечаток. Поволна клима. Поволни цени.
волчјак | м.
Вид германско овчарско куче што личи на волк. Чуваше еден огромен волчјак. Во мугрите пуштија волчјаци.
црволик | прид.
Што личи на црв. Црволика форма.
жеволка | несв.
Прежива полека, по малку, ја преџвакува храната. Кравата жеволкаше.
волфрам | м.
Вид хемиски елемент, тврд и тежок метал со светлосива боја што се употребува за добивање на специјален челик и влакна за светилки; симбол W.
неволен 2 | прид.
Што се прави или што се јавува без влијание, без учество на волјата; несвесно, ненамерно. На измаченото лице се покажа неволна насмевка. Чекореше по патчето обземен од неволни мисли.
доволно | прил.
Во доволна мера, онолку колку што е потребно. Знаеше дека син му е доволно умен за да знае да се снајде. Мислам дека не ја сакаше доволно. Има доволно храна за сите.
доволен | прид.
Што е во онаа мера колку што е потребно; достатен. Самиот тој чин бил доволен за да ме згазат. Јас не сметав дека таа казна му е доволна. Доволен е само еден збор, па целиот одред да јурне. Раководителите не успеаја да бидат во доволна мера во согласност со барањата на нивната работа.
суволик | прид.
Што е сув, слаб, испиен во ликот. Еден суволик човек влезе во кафеаната.
дозволи | св.
Одобри вршење на некоја работа, допушти. Кој ви дозволи да влезете овде? Таа дозволи да ја понижуваат. Еднаш дозволи да го совлада дремката на часот.