Резултати за пребарувањето: врат

преврат | м.

Остра, ненадејна промена во текот или развојот на нешто; пресврт, прелом. Преврат во душата. Преврат во науката.

вратила

Зборот е поврзан со:

одврати | св.

Направи вратка, возврати на ист, соодветен начин на нешто направено од некого. Ако ме удриш, ќе ти одвратам. На насмевката му одврати со насмевка.

заврати | св.

Свитка, пресвитка нешто (обично дел од облека) за да стане покусо. Тој ги заврати панталоните и загази во водата. Ги завратила ракавите.

вратило | ср.

Дрвен валјак на разбојот околу кој се витка преѓа, кросно.

наврати | св.

Намине, посети, обично на кусо време. Утре ќе навратиме кај тебе. Неколку месеци никој не навратил кај нас. Наврати во дуќанчето да купи нешто.

вратика | ж.

Мирислива полска зелјеста билка со жолт цвет; Tanacetum vulgare. Моми и невести оделе низ ливаѓе да берат вратика.

воврат

Зборот е поврзан со:

вратари

Зборот е поврзан со:

разврат | м.

Полова распуштеност, разблуденост; неморал, непочитување на општествените норми. Во долгите ноќи тој се оддаваше на пијанство и разврат. Тоа е период во кој владееле лицемерството и развратот.