Резултати за пребарувањето: градба

градба | ж.

Градење некаков објект, ѕидање, изградба. Застана среде градбата и фати да витка цигара.

доградба | ж.

Нешто што дополнително се доградува, дел што е доѕидан до некој објект. Во доградбата што ја направија сместија кираџии.

изградба | ж.

Градење, изградување. Зградата е во изградба. Изградбата на мостот е во тек.

надградба | ж.

Тоа што е надградено на веќе изграден објект. Дозвола за надградба.

новоградба | ж.

Новоизграден објект.

дивоградба | ж.

Изграден објект без градежна дозвола. Оваа куќа е дивоградба. Дивоградбите ги рушат.

мостоградба | ж.

Градење мостови. Негова специјалност се железничките линии и мостоградбата.

нискоградба | ж.

Градежни работи на ниски објекти, градба на патишта, мостови, тунели итн.

самоизградба | ж.

Образование, изградување на сопствената личност, самостојно без туѓа помош. Тој многу вложи во личната самоизградба.