Резултати за пребарувањето: г

друг | прид.

Не овој, не посочениот, споменатиот, туку што се разликува од него. Дај ми друг нож, овој не сече. Ќе викнам друг мајстор. Некој друг го направил ова. Други години не било вака.

тога | ж.

(истор.) Горна машка облека, обично бела наметка префрлена преку левото рамо што ја носеле полнолетните граѓани во стариот Рим.

тога | прил.

жига | несв.

угои | св.

Направи да има повеќе килограми од претходно, здебели, згои. Угоија неколку свињи.

гроф | м.

Благородничка наследна титула, тој што ја носи таа титула.

фуга 1 | ж.

Полифонична музичка композиција во која партиите, темите се повторуваат според определени правила.

луга | ж.

Остаток од изгорено; пепел. Во ковачницата мирисаше на усвитено железо попрскано со луга од огништето.

жуга | несв.

Тера посилно во својот развој, заживува; Зародиш на смев почна да жуга во мене.

грош | м.

Турска ситна монета од 40 пари.