Резултати за пребарувањето: г
гег | м.
Шега, виц, трик. Беше познат по своите гегови.
гас 1 | м.
Воздушесто тело чии честици се стремат да го исполнат сиот слободен простор; плин.
ген | м.
Наследна единица којашто ги определува карактеристиките на потомците. Музиката им беше во гените.
гол | прид.
Што е без облека. Се капеа голи во морето.
гро | ср.
(обично членувано) Повеќето, мнозинството. Грото ученици ја совладаа наставната програма.
его | ср.
Сето тоа што ја прави мојата личност, моето – јас; самосвест за себе. Според Фројд, еден од трите дела на човечката психа (покрај ид и суперего). Тој имаше многу силно его.
газ | м.
(разг.) Заден дел од човековото тело меѓу половината и нозете, задник. Се чу како плесна шлаканица по голиот газ и детето уште повеќе вресна.
јог | м.
Човек што живее според системот на јогата. Индиски јог.
Гал | м.
Припадник на келтско племе, жители на Галија.
гас 2 | м.
Газија, петролеј (за ламба). Уличните светилки на гас светеа матно.