Резултати за пребарувањето: еж

падеж | м.

Форма при промената на именските зборови што го покажува односот со другите делови од реченицата.

вреже | св.

Со остар предмет засече, издлаби нешто во тврд предмет. Ги врежаа имињата во карпата. Ги врежа буквите.

режим | м.

Начин на владеење и систем на државно уредување. Народен режим. Капиталистички режим. Демократски режим.

вриеж | м.

Вриење, клокотење. Вриеж на вода.

јадеж | м.

Чувство на чешање; Правот причинува јадеж и воспаление на кожата. Јадеж му ја полази сета снага.

прдеж | м.

Гасови што гласно се испуштаат од цревата.

пувеж | м.

Гасови што тивко се испуштаат од цревата.

врлеж | м.

Стрмнина, остра косина. Се повлекле зад диви и непристапни врлежи. Надоаѓаа врлежи без патеки, по нив долови и пак врлежи.

мрежи

Зборот е поврзан со: