Резултати за пребарувањето: каша

каша | ж.

а) Јадење придготвено од сварено брашно со вода или млеко. Каша од пченкарно брашно. Овесна каша. Јадеа пиле со каша. б) Густа смеса добиена од сомелено овошје, зеленчук.

кашав | прид.

Што е како каша. Калта беше кашава од обилните есенски дождови.

кашар | м.

Тој што многу сака каша, љубител на каша.

кашари

Зборот е поврзан со:

кашарок | м.

Вид каша.

кашавиот

Зборот е поврзан со:

раскашави | св.

Направи нешто да биде меко како каша. Таа го раскашави гравот. Работниците го раскашавија цементот.

кашави се | несв.

Станува како каша, се размекнува. Снегот се кашави под опинците.

се кашават

Зборот е поврзан со:

раскашавен | прид.

Што е кашав, мек како каша. Раскашавен снег. Раскашавена маса.