Резултати за пребарувањето: кори

зачекори | св.

Почне да чекори. Девојчето кротко зачекори напред. Тој само што зачекори, застана и се поврати.

корисница | и. ж.

Зборот е поврзан со:

искористи | св.

Извлече корист од нешто или од некого. Ја искористи секоја стапка од земјата. Таа ги искористи најновите научни сознанија за да ја докаже својата теорија. Него го користат кога им треба стручна помош.

коригиран | прид.

Што е поправен. Коригиран текст.

коритница | ж.

(арх.) Плиток, дрвен сандак наполнет со песок, по којшто пишувале учениците.

некорисен | прид.

Што не е корисен, од кој нема корист. Некорисен предмет. Некорисен предлог. Некорисни мерки.

покорител | м.

Тој што покорил или што покорува.

пречекори | св.

Со чекор премине преку нешто, престапи, опчекори. Го пречекори прагот од куќата.

прокркори | св.

Почне да кркори. Огладнеа, цревата им прокркореа.

раскокори | св.

Нагласено, ширум отвори очи; Таа ги раскокори очите.