Резултати за пребарувањето: кош

кошула | ж.

Машка облека со ракави за горниот дел од телото што се носи под палто, пуловер и сл. Кошула со куси ракави. Го дарува свекорот со кошула.

кошари

Зборот е поврзан со:

кошмар | м.

Лош сон со ужасни привиденија. Секоја ноќ има кошмари.

кошаре | ср.

Дем и хип. од кошар и од кашара.

кошеви

Зборот е поврзан со:

кошарка 2 | ж.

Игра со топка меѓу две екипи во која секоја екипа се труди да победи со поголем број уфрлени топки со раце во противничкиот кош. Момчево добро игра кошарка.

откошне | св.

Отфрли со нога, кошкајќи. Ја откошна топката.

кокошка | ж.

Најраспространета домашна птица што се одгледува заради јајцата и месото; Gallus domesticus. Кокошките дотрчаа до буништето и ги зарија клуновите. Одеше напати и по камарите кај што си несеа кокошките јајца.

кошница | ж.

Сад со различна форма направен од плетени прачки и со рачка озгора. Береше грозје во кошницата. Купи кошница со хортензии.