Резултати за пребарувањето: лак

плакат | м.

Голем оглас, објава со цртеж, фотографија и малку текст за информирање, рекламирање, пропагирање и сл. Плаката од синдикатот за организиран штрајк. Плаката за борба против пушењето. Скинати плакати од предизборна кампања.

плакне | св.

а) Отстранува сапуница од садови. Домаќинката ги плакнеше чиниите од сапуница. б) Мие садови набрзина, згора-згора. Девојчето ги плакнеше чашите и тураше сок.

пафлак | м.

Месо од стомакот и градите, под ребрата.

плакар | м.

Дел од мебел, вграден орман в ѕид, со врата и рафтови.

лакмус | м.

а) (бот.) Вид лишај; Rocella tinctoria. б) (хем.) Боја добиена од тој лишај.

ошлака | св.

Извалка, испрска со нечистотија. Тој го ошлака палтото.

диплак | м.

Лист од тутун подготвен за нижење.

агалак | м.

Звање, достоинство на агата, агување.

патлак | м.

(арх.) Пиштол.