Резултати за пребарувањето: лен

кален 2 | прид.

Што е со кал, што има, содржи кал; Кални патишта. Кална почва. Кални реки. Кална вода.

грлен | прид.

Што доаѓа од грлото, што се образува во грлото. Грлен призвук.

волен | прид.

Слободен. Волен момок. Волно ветарче. Волни летови.

жален | прид.

Што изразува жал. Жален поглед. Жален глас. Жален израз на лицето.

кален 1 | прид.

За метал – што станал многу тврд со калење. Кален челик.

болен | прид.

а) Што боледува, што го боли нешто. Таа е тешко болна. Тој бил болен од маларија. б) За дел од телото опфатен од болест. Болни гради. Болни нозе.

зелен | прид.

Што е со боја на трева, на свежи, неовенати лисје. Зелена хартија. Зелена кошула.

билен | прид.

Што е од билје, што се однесува на билје. Билен сок. Билни екстракти. Билна аптека. Билно семе.

гален | прид.

Што е разгален. Галено дете.

дален | прид.