Резултати за пребарувањето: лет

Валета | ж.

Главен град на Малта.

заклет | прид.

Што е непомирлив, огорчен. Заклет непријател.

вплете | св.

Додаде, вметне нешто со плетење. Во чорапчињата вплете неколку разнобојни нишки.

облета | св.

Обиколи, помине со летање околу некого или нешто. Една пчела ме облета неколку пати. Рој лилјаци го облета оџакот на куќата.

одлета | св.

Замине со летање; се оддалечи; долета. Одеднаш гулабот се исплаши и одлета. Два галеба одлетаа во ист правец на синиот хоризонт.

оплете | св.

Плете околу нешто, обвие со плетка. Чаршафот го оплете со ситна плетка.

клетка 1 | ж.

Кафез.

клетва | ж.

Проклетство, посакување зло некому. Ми се стемни пред очиве, ама клетва уста моја не исфрли. Тој ја понесе во себе татковата клетва, никогаш не стана рибар.

летник | м.

Народен празник на први март стар стил поврзан со разни обичаи поврзани со доаѓањето на пролетта, врзување мартинки, месење погача, песни и игри и сл. На летник се врзуваат мартинки од бел и црвен конец.