Резултати за пребарувањето: лик

клик | м.

Извик, восклик.

налик | прид.

Што е сличен, што личи на некого, на нешто. Во темнината му се појави пристара жена налик на мајка му.

ликум | прил.

По лик, со лице. Толку си блед, на испосник си ликум.

блика | несв.

Тече, истекува, се разлева силно, во големо количество. Меѓу камењата блика чиста вода.Од носот му бликаше крв.

облик | м.

Надворешен изглед, вид, форма на нешто. Зрнест облик. Цилиндричен облик. Неправилен облик.

клика | несв.

За некои птици – испушта силен, продорен глас. Орелот клика под небото сино.

ликер | м.

Сладок и ароматичен алкохолен пијалак од пречистен алкохол, шеќер, овошен сок и етерично масло. Мента ликер. Чоколаден ликер.

клика | ж.

Група луѓе, поврзани со исти политички, економски и други интереси заради остварување на користољубиви цели. Дворска клика. Владејачка клика.

велик | прид.

Што со своите особини ги надминува другите, што има големо значење. Велики дела. Великиот човек.