Резултати за пребарувањето: лик

изблика | св.

Истече силно, во големо количество, блика. Од неговиот нос изблика крв.

реплика | ж.

Краток одговор, забелешка или искажување несогласување со излагањето на некого. Нивниот разговор прерасна во реплики. Оригинална реплика. Тој даде куса реплика на неговиот говор.

риболик | прид.

силикат | м.

Општ назив за минерали и хемиски соединенија што содржат силициум.

заблика | св.

Почне да блика; Од носот му заблика крв. Тој заблика од радост.

разлика | ж.

Несоодветство, нееднаквост, неизедначеност, несогласување; состојба во која два поима (предмет, појава, лице) имаат поинакви карактеристики; елементот со кој се прикажува разликата меѓу поимите, степенот и количеството на несоодветството; диференцијација. Јазични разлики. Разлика во ставовите. Идејна разлика. Меѓу нив има многу сличности и разлики. Треба да се анализираат разликите и сличностите.

еликсир | м.

Најфин екстракт од некоја материја.

раколик | прид.

Раковиден, ракообразен. Раколики фигури. Раколики форми на животни.

еднолик | прид.

Што има еднаков, ист лик, изглед со некој друг. Три моми еднолики.

медлика | ж.

Слатка материја што ја исфрлаат лисните вошки и други растителни паразити, остаток од растителните сокови со кои се хранат овие инсекти, се таложи во вид на капки најчесто на лисјата; медена роса.