Резултати за пребарувањето: лов
залов | м.
Вид прибор за риболов.
нулов | прид.
Што се однесува на нула, што поаѓа од нула. Нулова точка.
евлов | прид.
Што се однесува на евла. Крај Вардар растеа евлови дрвја. На ветрот се нишаа евловите гранки.
ѓулов | прид.
Што се однесува на ѓул, што е од ѓул, ружин, розов. Ѓулово масло.
клови | несв.
Пушта 'ртулци, 'рти. Пченицата клови.
олово | ср.
Хемиски елемент, мек и ковен сребренестосив метал; симбол Pb.
јалов | прид.
Што не е плоден. Јалова овца. Јалова земја.
ловач | м.
волов | прид.
Што му припаѓа на вол. Волова кожа. Волов рог.
плови | несв.
Се движи по површината на водата или во неа, за пловен објект ‒ брод, подморница, лаѓа. Коработ пловел на север. Чунови со платна пловеа по езерцето во паркот.