Резултати за пребарувањето: лов
полови 1 | несв.
Дели на половина, двои наполу, преполовува. Тие го половат имотот.
пловен | прид.
По кој може да се плови. Пловна река.
пловец | м.
морепловец, морнар.
излови | св.
Улови големо количество (риби), многу (дивеч), улови сè. Рибарите ги изловија сите риби во езерото.
полови 2 | св.
Лови малку или уште малку.
долови | св.
Сфати, разбере, проникне во суштината на нешто; прими нешто преку сетилата. Сакаше да го долови секој детаљ. Се обидував да ги доловам неговите душевни потреси.
Волови | и.
Народен назив за соѕвездието Бик.
ослови | св.
Викне некого на име. Таа го ослови по име.
оловен | прид.
Што содржи олово. Оловна руда.
оловно | прил.
Како олово, тешко. Оловно тешки облаци надлетуваа над неговата глава.