Резултати за пребарувањето: лук
јалук | м.
Место на овенот каде што волната не е стрижена, туку е оставена како украс.
склука | св.
Одеднаш почне да тропа; клука 3. Некој склука на портата.
клукне | св.
Чукне, тропне. По полноќ клукна портата.
плукне | св.
Исфрли од уста плунка или нешто друго. Ранетиот плукна крв. Капетанот енергично плукна настрана.
ѓотлук | м.
Заден дел на панталони.
боклук | м.
Ѓубре, буниште, отпадоци.
ѓунлук | м.
луксуз | м.
Раскош, раскошен начин на живот. Живее во луксуз. Немаме пари за такви луксузи.
одлука | ж.
Краен резултат, заклучок од нешто (договор, средба и сл.) со кој се решава некое прашање и се преземаат некои активности; решение. Тешка одлука. Не се поколеба во одлуката.
шенлук | м.
Забава, разонода, сеир. Секоја вечер шенлуци си тераат.