Резултати за пребарувањето: мисла

мисла | ж.

Дејност на умот; мислење, размислување. Човечка мисла.

умисла | ж.

Свест и намера при извршување на нешто, најчесто нешто лошо. Тој тоа го кажа без умисла да се правда.

смисла | ж.

Внатрешна логична содржина на нешто, значење. Смислата на романот. Во поширока смисла. Во буквална смисла. Во позитивна смисла.

мислат

Зборот е поврзан со:

смислат

Зборот е поврзан со:

домисла | ж.

Нешто што е резултат на нечие размислување, нешто што е смислено; замисла. Идејата, среќната домисла да се состави ваква книга, се раѓа речиси спонтано. Беше брз на зборот, уште побрз на домислата. Тоа се само пусти домисли.

помисла | ж.

Мисла, намера, желба. Далеку е од помислата дека тоа ќе се реши. И самата помисла на тоа му создаваше нервоза.

замисла | ж.

Тоа што е замислено, смислено да се направи; идеја, намера, план за некаква работа. Основна замисла. Тајна замисла. Уметничка замисла.

намисла | ж.

Мисла, помисла за нешто, за некоја намера. Добра намисла. Тој немаше лоша намисла.

премисла | ж.

Премислена постапка. Гревот не се прави со премисла. Убиство со премисла.