Резултати за пребарувањето: образ
образ | м.
Едната страна од лицето на човекот. Имаше лузна на десниот образ. Го бакна во образот. Ги избриша солзите од образите.
образи
Зборот е поврзан со:
образец | м.
Тоа што служи како пример, модел за да се добие претстава како да биде направено нешто, како да изгледа нешто. Работа по образец. Естетски образец. Обрасци за писма.
образиња
Зборот е поврзан со:
образова | св. и несв.
Даде, дава некому образование, школува некого. Училиштето не само што ги образова, туку и ги воспитува учениците.
вообрази | св.
Претстави, замисли, измисли нешто што не постои. Тој вообразил дека е најдобар спортист во градот.
сообрази | св.
Приведе во согласност, во соодветство со нешто, усогласи. Тој ги сообрази желбите со можностите. Возачот ја сообрази брзината со условите на патот.
добразди | св.
Заврши, прекине со орањето. Ја добразди нивата и почна да сее.
образува | св. и несв.
Создаде, создава, организира, формира група, здружение и сл. Образувавме здружение од хуманитарен карактер. Тројцата млади луѓе образуваа нова музичка група.
вообразен | прид.
Што е замислен, измислен, нереален. Живее во еден свој вообразен свет. Се загледа во некоја вообразена точка пред себе.