Резултати за пребарувањето: око
спокоен | прид.
Што е мирен, неподвижен, тивок. Спокојна приквечерина.
успокои | св.
Прави некој да биде спокоен, мирен, стивнат. Таа го успокои својот татко. Тишината во црквата го успокои.
докосне | св.
Допре, дофати нешто. Се напрегаше да го докосне шишето со вино.
високо- | претс.
Како прв дел од сложенки со значење: а) Што се издига високо (високоградба, висококатница); б) Што го има во голема мера, во голем степен тоа што е означено со вториот дел од сложениот збор (висококвалитетен, висококвалификуван, високообразован).
докопчи | св.
Дофати, зграпчи нешто. Го докопчал спуштеното јаже и го заврзал околу себе.
соколар | м.
Тој што чува и одгледува соколи за лов.
наоколу | прил.
На сите страни околу нешто. Испоседнаа сите наоколу.
доколку | сврз.
За означување на сразмерност (во сооднос/заедно со прилогот дотолку). Доколку му беше мачно што не стигнаа во некое населено место, дотолку господарот му беше задоволен што ќе може да преспие под ведро небо. Доколку би се успеало да се определат сите лексички синоними, дотолку појасна слика би имале за првобитниот словенски превод.
сенокос | м.
Косење трева за сено.
сивокос | прид.
Што има сива коса, побелен, сед. Сивокоса жена.