Резултати за пребарувањето: очи

насочи | св.

Определи, даде насока, управи во некоја насока. Бродот го насочи кон најблискиот остров. Ја насочи пушката кон селанецот. Погледите ги насочија кон прозорецот.

заточи 1 | св.

Почне да точи течност. Заточи вино. Заточи вода во кофата.

наточи 2 | св.

Направи нешто да сече, наостри. Наточи нож. Наточи сабја. Наточи секира.

наточи 1 | св.

За течност – налее, тури, наполни сад за течност. Од кое вино да наточам? Наточи по едно пиво. Наточила девет бочви со вино.

заточи 3 | св.

Лиши од слобода со ставање во затвор или под строг надзор на определено, обично далечно место. Го заточиле на пуст остров.

прочит | м.

Овие места во учебникот се само за прочит. Уште од првиот прочит се забележува тоа.

восочи | несв.

кочина | ж.

Ограден простор за чување свињи; свињарник. Во кочината чуваа пет свињи.

посочи | св.

Покаже нешто, укаже. Ќе посочиме на неколку дела од авторот. Тој го посочи него како пример за добар работник.