Резултати за пребарувањето: оџа

оџа | м.

Муслимански свештеник.

лоџа | ж.

Полуотворен трем; галерија со лакови. Панорамата од зад сводовите на балконската лоџа беше уште поубава.

коџа | прил.

оџак | м.

Отвор на куќата (или на некој објект) во облик на ѕидан шуплив столб од каде што излегува чадот од огнот. Секоја куќа си има оџак. Од оџакот на локомотивата излегуваше црн чад.

оџаци

Зборот е поврзан со:

оџака

Зборот е поврзан со:

оџачар | м.

Тој што чисти, што одржува оџаци. Оџачарот се качи на покривот за да го исчисти оџакот.

оџагари | св.

Отвори широко очи (од изненадување, од чудење, од страв). Ги оџагари очите.

Камбоџа | ж.

Држава во Азија.