Резултати за пребарувањето: пазар
пазар | м.
Отворен или покриен простор каде што се продаваат разни, главно земјоделски производи; пазариште. Отишол селанецот на пазар во градот. Беше доцна и пазарот веќе се празнеше.
пазари
Зборот е поврзан со:
пазари | св. и несв.
Купи, купува од пазар или од некаде нешто. В петок ќе пазарам зеленчук и овошје. Ќе оди во продавница да пазари.
пазарен | прид.
Што се однесува на пазар, што е наменет за пазар. Пазарни односи. Пазарен простор. Пазарни стоки.
пазарче | ср.
Пазарчето во центарот на градот.
испазари | св.
Напазари, накупи многу, полно.
пазарлак | м.
Пазарење, договорање за купопродажба. По пазарлакот со нив,сакаа да го измолат да им ја даде пазарената стока на кредит.
ат-пазар | м.
Пазар за коњи, сточен пазар. Отидоа да купат коњ на ат-пазар.
напазари | св.
Накупи доволно или големо количество (обично на пазариште) разни работи.
пазарски | прид.